Атанасов: Приближување на македонското кон европското образование за повисок квалитет на животот

Од:

Приближување кон европското образование и размената со него, ќе придонесат целото македонско општество да се приближи кон помодерен и поквалитетен живот, зашто без образование нема многу одење напред, нагласи заменик министерот за образование Петар Атанасов при денешната посета на Прилеп.

Атанасов се запозна со напредните услови за настава и образование во прилепското средно-економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ и со основното училиште „Гоце Делчев“ кое лани беше второ-рангиорано според успехот во Македонија. За Атанасов сето тоа е приближување до пазарот на трудот.

– Запознат сум како течат наставните активности во основното училиште „Гоце Делчев“ кое е едно од подобрите во Македонија, а средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ работи на нови, иновативни програми кои за една или две години ќе се имплементираат во насоките во училиштето. Тоа ќе значи приближување на програмите за учениците до пазарот на трудот, а и приближување на самите ученици до нивните први работни места. Образованието е широка тема. Во комуникација сум со Националната агенција за образовни политики од каде последниве години близу 98 проценти е искористеноста на фондовите од Европската Унија, особено преку „Еразмус“ – проектите и проектите со младите, рече Атанасов.

Нагласи дека во периодот од 2021 до 2027 двојно ќе бидат зголемени средствата од европските фондови.

– Колку ќе растат капацитетите на образовните институции и на државните структури, толку повеќе ќе може да црпиме од европските фондови. Сето тоа е врзано со зачленувањето на Македонија во Европската Унија. Со приближувањето на Македонија до ЕУ и НАТО ќе се отвораат нови работни места, ќе има потреба од кадри од Македонија кои ќе бидат вклучени во овие структури. Од друга страна, приближувањето кон европското образование и размената ќе придонесат целото македонско општество да се приближи кон, помодерен и поквалитетен живот, зашто без образование нема многу одење напред, рече Атанасов.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски информира дека годинава општината издвоила 20,6 милиона денари за зафати во прилепските училишта. Од нив 14,6 милиона денари за 11-те основни и шест милиони денари за петте средни улилишта. Во основното училиште „Гоце Делчев“ за прв пат по 40 години се обновуваат тоалетите за што се одвоени три милиона денари од локалниот буџет.

– Прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ со преку 800 ученици лани беше второрангирано во Македонија. Учениците и наставниците годинава учествуваат на три едукативни проекти со меѓународно учество. Како општина поддржуваме секаков успешен и напреден проект, а основно училиште „Гоце Делчев“ лани беше второрангирано според успехот во Македонија. Се е во интерес на подобрувањето на условите за наставната програма. А имаме можност и да користиме европски фондови за подобра едукација з аучениците за да останат во градот и да се образоваат, нагласи Јованоски.

Атанасов попладнево има средба со наставниците, професорите, со младите од Прилеп, средношколци и студенти, во прилепското кино „Мис Стон“ во Домот на културата „Марко Цепенков“.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците