Атанасов: Ќе создадеме образование фокусирано на учениците, ќе ги поддржиме наставниците, ќе се консултираме со јавноста

Од:

На почетокот на новата учебна година сакаме да им го честитаме првиот училишен ден на сите ученици, на нивните родители, но и на сите наставници и вработени во нашето образование.

Образованието во Република Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое веднаш да кажам – ќе биде укинато.

Ќе создадеме образовен систем што ќе создава силни индивидуи, со сопствен став и мотивација активно да го градат општеството, рече претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

Ние во СДСМ нудиме програма и мерки кои во нашето образование ќе ја вратат суштината, светлината и иднината, преку три основни приоритети.

Наместо преобемните програми, лошите учебници и голата фактографија и тестирања, прв приоритет ќе ни бидат децата и нивната задолжителна програма, преку:

– намалување на наставните содржини и предмети,

– подигнување на степенот на употребливост на знаењето,

– професионалното насочување и работа со децата и

– поттикнување на вработувањата на завршените ученици од средните стручни училишта.

Наместо притисоците и казните кои беа основен метод на работа на ВМРО-ДПМНЕ, втор врвен приоритет ќе ни биде поддршката на наставниците, преку:

– укинување на екстерното тестирање,

– ослободување од прекумерната административна работа и

– мотивирање и наградување на наставниот кадар.

Наместо тензичното носење закони по кратка постапка и секојдневни измени во нив, трет приоритет ќе ни биде јавноста и општествената согласност за промените, преку:

– консултации со учесниците во образованието и стручната јавност,

– проектирање на 10 годишен развоен образовен циклус и

– дизајнирање на нов Институт за развој на образованието.

Уште еднаш на потенцирам, ветуваме дека оваа учебна година ќе заврши без екстерно тестирање, со посветени наставници, мотивирани ученици и позитивни родители, рече Атанасов.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on