Астеруд до Канческа-Милевска: Имате ли зборови на себезгрозување од тој ваш муабет?

Од:

По вчерашниот статус на министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милеска, дека покажала поддршка за семејството на Тоше Проески, со свој коментар се огласи и професорката Каролина Ристова Астеруд.

Таа ја прашува Канчевска-Милеска дали има зборови за себезгрозување од муабетот кој беше презентиран од СДСМ.

Еве што напиша Каролина Ристова Астеруд:

11042187_453475551490872_868059911_n

„Ова сериозно узурпатор-министерке?! Навистина ли СДСМ ќари политички поени на тоа што открива како ВИЕ од ДПМНЕ сте сакале да ќарите од семејството на Тоше, не политички поени, туку политички гласови на избори, ни помалку, ни повеќе?! Ако не ги дадат, се што направила државата за спомен на Тоше, оп, закана дека ќе се одземе и затвори, онака, од чиста политичка одмазда! Имате ли нешто да искоментирате за муабетот меѓу вас и колегата узурпатор-министер Че Миле,а? Имате ли зборови на (себе)згрозување од тој ваш муабет, а? Очигледно и натаму не. Срам и арам да ви е! А читам и по ФБ, членството и симпатизерите на ДПМНЕ, сите „згрозени„ што „ Заев и опозицијата го вмешувале и Тоше„. Добро бе луѓе, дајте употребете елементарен капацитет за расудување!

Не е така, тоа ВАШИТЕ го вмешале Тоше во нивните соципатски и грозоморни изборни валканици и криминали. Заев само ви го открива тоа! Што би рекле вие, има разлика, нели? Патем, имате ли вие, поддржувачи на ДПМНЕ, некој коментар на згрозување и осуда за размислите и искажаните зборови на Че Миле? Не ви ли се превртува нешто во стомакот? Нееее, не видов таква осуда, тук-таму понекој исклучок. Вие би да го „задавите„ тој што ве открива сите вас во вашата морална и политичка грдотија, во сиот ваш примитивизам и примитивни инстинкти, па макар и на ниво на размисла, или што би рекле Амери, вие сте повеќе за kill the messanger! И уште нешто. Гледам ептен сте уфилмани сосе узурпатор-министерката на чело дека баш ВИЕ сте давале пари за семејството на Тоше, па дека баш вие сте ја направиле спомен-куќата. Навистина?

Не се сеќавам дека ДПМНЕ собирала лични и приватни донации или се дала партиска донација за таа цел. Колку што знам сето тоа се финансира од буџетот, така? Ако е така, тогаш дали сте свесни дека тоа се пари собрани и од поддржувачите на СДСМ и целата опозицијата, како и од парите на тие што можеби воопшто не гласале, за ниедна од партиите, а? Кога бре еднаш ќе се свестите дека државниот буџет не е ваш личен, приватен или партиски буџет и дека не можете така да се однесувате со него, така да си го доживувате и така да си го присвојувате?! Тој буџет е на сите и за задоволување на потребите на сите, и на тие што гласале за вас, и на тие што не гласале за вас! Парите за семејството на Тоше се дадени со општа поддршка! И не можете тие заеднички пари да ги користите за притисоци и уцени по било кој основ! Дали можеби треба да ви се демонстрира тоа што сиот нормален свет го знае ?

На пример, со ала-Ганди методи на финансиско рушење на вашето узурпирање и киднапирање на државата? Можете ли за момент да си замислите колкав ќе биде и на што ќе личи државниот буџет ако се што е опозиција во државата се реши на даночен/фискален и сеопшт финансиски бојкот на се што го храни режимот, а? Впрочем, како што заповеда еден од клучните темелници на демократијата – нема даноци без политичко преставништво! А вие на СИТЕ што не се со вас им го крадете, фалсификувате, силувате, заканувате и присилувате политичкото преставништво! Дали сте свесни каде ја водите земјата со тоа што со години на цела земја и на сите други политички сили во земјата им го одземате тоа што ви беше цивилизирано дадено и цивилизациски пренесено во 2006 – легални, фер и чесни избори?

Ако не се свестите и не се корегира тоа што го правите и сето тоа што така безумно го поддржувате, земјата сигурно ја водите во пропаст, пропаст не само на „комуњарите„, туку и ваша сопствена! Во тоа ич да немате сомневање! Македонија не е Германија, Италија или Јапонија, нема толку голем историски, демографски и секаков друг потенцијал за да преживее еден ваков узурпаторски режим кој има амбиција да се трансформира во отворена диктатура. Работата ќе биде, слобода или смрт за Македонија, да не се залажувате дека ќе биде поинаку, за несреќа на сите нас, ама баш на сите! Некои природни и општествени законитости против кои како залудени одите сега едноставно ќе не прегазат сите нас!“.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски