Арсовски: Контактите со Бугарија продолжуваат, со оптимизам гледаме на можните решенија

Од:

Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек бидејќи двете страни се вложени во изнаоѓање на решение. Со оптимизам гледаме на можните решенија кои ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на нашиот национален идентитет, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната редовна прес-конференција, Арсовски уште еднаш повтори дека нема нов договор и оти не може да се преговара за идентитетот и за јазикот.

– Владата е подготвена за разговор и дообјаснување на некои загрижености кои се појавија во Република Бугарија во однос на јазикот, меѓутоа црвените линии остануваат односно нема право никој да преговара за идентитетот и за јазикот, истакна Арсовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски