Арифи: Нема најави за промени во безвизниот режим

Од:

Нема најави за промени во безвизниот режим, вели вицепремиерот за евроинтеграции Теута Арифи по барањето на германските власти за преиспитување на визната либерализација за Македонија и Србија.

„Немаме најави. Секако дека тоа е еден проблем што секоја година станува по малку проблематичен, но немаме најави за сега”, кусо одговори Арифи.

Надлежните германски служби јавуваат зголемување на бројот на баратели од азил од Македонија и Србија. Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих бара проверка на одлуката за безвизно патување за овие две земји, јави Дојче Веле на македонски јазик.

Најголемо зголемување е регистрирано кај барателите на азил од Србија и од Македонија информира весникот „Билд”, повикувајќи се на бројки од Службата за миграција и бегалци. Според тоа од 1. до 10. октомври биле поднесени 3.744 барања за азил. До крајот на месецот се очекуваат вкупно околу 11.700 барања за азил. Тоа би биле речиси една четвртина од вкупниот број на баратели на азил во цела 2011 година.

Според статистиката бројот на српски баратели на азил од 496 во август се зголемил на 1.395 во септември, додека бројот на македонски баратели на азил се зголемил од 620 на 1.040.

Весникот „Билд” пренесува дека експертите претпоставуваат дека пред се’ кај барателите од Балканот социјалните услови во Германија, за подносителите на азил и бегалците од кризни региони, се можен поттик за бегство во Германија. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих за весникот изјави: „Визната либерализација не смее да води до злоупотреба на азилот. На овој начин се оптоварува подготвеноста за помош на Германија за лицата на кои вистински им е потребна помош или се прогонувани”.

Тој преку весникот „Пасауер ноје прессе” се заложи за проверка, дали безвизниот режим од овие две земји може да биде одржан: „Визната либерализација за Србија и за Македонија мора да биде проверена. Соодветна одлука и на наше инсистирање донесе Советот на министрите за внатрешни работи во април 2012. Оваа одлука сега брзо мора да биде спроведена на европско ниво”, опомена Фридрих.

По информациите за нов бран баратели на азил од Македонија и Србија, и експертот за внатрешна политика од опозициската СПД Михаел Хартман се заложи за консеквенти мерки против целна злоупотреба на азилот. Со неопходната строгост овде треба да се испрати сигнал, изјави денеска Хартман преку државниот медиумски сервис Сидвеструндфунк. Политичарот зборуваше за „несовесни банди” кои ги мамат луѓето од Балканот во Германија за „извесен период да минат во овој систем”.

Службата за бегалци во Нирнберг би морала овие баратели на азил да ги одбие по брза постапка, се заложи Хартман.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите