Априлијада „Скопје се смее“

Од:

Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“ по повод 1 Април – Денот на шегата ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

За забавата со маски, балони, песнички и игри се задолжени секцијата за модерен балет и фолклорната секција на Детскиот културен центар „Карпош“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Манифестацијата, во организација на ДКЦ Карпош, ја финансира Град Скопје, а според најавата ќе ја отвори градоначалникот Петре Шилегов

По детската журка на плоштадот „Македонија“ од 20 до 23:30 часот ќе има првоаприлска ноќна забава со настапи на ВИС АМАНЕТ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Александар Митевски, трио “Шербет“, Елита Зибери, група – „Live Band”,DJ Ampov,,,,,.

По повод 1 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава отвори конкурси за основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им бидат доделени награди и дипломи.

Во вечерниот дел на манифестацијата на бината ќе продефилираат со групни маски ученици од средни училишта од Скопје и околината, а за најдобрата групна маска следува вредна награда.

Би можело да ве интересира

Априлијада во Дебар и Ростуше

Ана Ололовска

„Скопје се смее“ – априлијада на плоштад „Македонија“

Ана Ололовска

Априлијада „Скопје се смее“

Наум Локоски

„Априлијада 2017“ во Гевгелија

Ана Ололовска

Традиционална „Априлијада“ во Велес

Ана Ололовска

ФОТО: Премиерот со своите ќеркички на Априлијада

Емир Латифовиќ

Априлијада – Скопје се смее

Од:

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска на плоштадот „Македонија“ организираат забава „Априлијада – Скопје се смее“ за децата од сите училишта и градинки од главниот град.

Децата ќе дефилираат под маски, а предвидени се песни, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Ноќната забава ќе почне од 21 часот на плоштадот „Македонија“, каде ќе настапат Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона Поповска, Мустафа Имери, „Ребис“ и диџеј Бабура. Раководители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Кирил Поп Христов.

Во паркот „Живко Брајковски“ во општина Бутел денеска ќе се одржи манифестацијата „Априлијада 2013“. Во одбележувањето на Денот на шегата ќе учествуваат учениците од сите седум основни училишта, како и најмалите од детската градинка „11 Октомври“.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер и ќе бидат избрани трите најубави првоаприлски маски. Најуспешните ќе бидат наградени со подароци и дипломи за освоеното место, а сите други учесници ќе добијат благодарници.

На манифестацијата „Априлијада 2013“ во општина Бутел ќе се обрати градоначалникот Петре Латиновски.