Аплицирање за стипендија за студии по старотурски јазик до 31 август

Од:

Министерството за образование и наука ги повикува заинтеесираните за додипломски и за постдипломски студии по старотурски јазик да аплицираат за целосна стипендија од МОН за која конкурсот е во тек и завршува на 31 август.

Како и минатата година, и за оваа МОН има наменето 20 целосни стипендии за прв и за втор циклус студии во оваа област. Кандидатите треба да се запишани на студии по старотурски на  некоја од катедрите по отомански студии на факултети низ светот, кои МОН ги има објавено на својата веб-страница (пр. Истанбул, Сараево, Софија…).

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски изјави дека идејата е да се оспособи кадар кој ќе работи на превод, толкување, анализа и обработка на голем број стари документи, ретки ракописи и материјали кои ги има во архивите во Македонија и во тие што се достапни во странство, во библиотеки, како и во имотни книги, а кои се напишани на старотурски јазик, кој е различен од современиот турски зашто е мешавина од арапски и  персиски јазик.

– Студентите кои ќе бидат стипендирани за изучување старотуски јазик, по завршување на студиите имаат загарантирано место во некоја од државните институции, како Државниот архив, МАНУ, Институтот за национална историја, во кои е од големо значење применливоста на отоманскиот јазик поради преводот на голем број архивски документи со кои располага нашата држава. Тие ќе имаат обврска десет години по дипломирањето да работат за потребите на Република Македонија во една од овие институции. Тоа е обврска зашто постоеше ризик ние да стипендираме студенти, а потоа тие да бидат работно ангажирани во друга држава. Се работи за редок кадар, а во целиот регион, на Балканот и пошироко, има документи на старотурски јазик, рече Ристовски.

Тој очекува со оваа можност студентите да бидат мотивирани и дека ќе се пријават поголем број оваа година. Стипендирањето на студиите по отомански јазик МОН го почна лани, кога стипендии добиле пет македонски студенти – тројца за додипломски и двајца за постдипомски студии.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март