Апелација ја потврди седум и пол годишната казна затвор за дедото на Тамара

Од:

Апелацскиот суд ја потврди првостепената пресуда од 7 и пол години затвор за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски кој пукаше во ексминистерот за здравство Никола Тодоров.

Стојановски разочаран од здравствениот систем, на 1 јуни 2017 година пукаше во министерот Никола Тодоров. Тамара, внуката на Стојановски во 2015 година почина чекајќи одобрување на финансиски средства за операција на рбетот во странство.

„Апеалциониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје ја достави пресудата КЖ. Бр. 259/19 со која во целост ја потврдува првостепната пресуда на кривичниот суд со К.бр. 1989/18 против Љ.С. за кривичното дело Убиство по член 123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ.

Станува збор за кривично дело сторено на 01.06.2017 – та година пред Министерството за здравство за што со првостепената пресуда обвинетиот беше огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци“, стои во соопштението од Апелацискиот суд.

Апелација веќе еднаш одлучуваше за овој случај, но за разлика од сега, претходно беше укината пресудата за Стојановски која му беше изречена од Основниот суд.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски