Апел до Институт за македонски јазик: Правописот мора да е достапен за сите граѓани

Од:

Фондацијата Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија упати апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, да овозможи слободен пристап за сите граѓани до новото издание на Правописот на македонскиот јазик, кое беше прмовирано минатата недела и кое сега е достапно за продажба, само во печатена верзија, по цена од 1500 денари.

„Со оглед на тоа дека се работи за образовно средство изработено со јавни пари, постоиодлична основа истото издание да биде достапно до целата јавност во дигитална форма, преку интернет во форма на отворен образовен ресурс.

Апелираме до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да овозможи пристап до Правописот во дигитална форма бесплатно како отворен образовен ресурс за сите граѓани на Македонија – кои како даночни обврзници веќе имаат платено за овој труд, а и луѓето од целиот
свет кои се заинтересирани за правописот на македонскиот јазик.

Отворени образовни ресурси (ООР), се образовни средства и содржини кои се слободни за употреба. Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и истражувачки цели. Покрај тоа, ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно
дефинирани авторски и сопственички права кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножувањето на овие алатки.

Отвореното образование е светско движење кое влијае на создавање на политики во ЕУ чијашто цел е да стимулираат висококвалитетни, иновациски начини на учење и настава преку дигиталните
технологии и содржини, со мерки на ниво на ЕУ и на национално ниво, на пр. поддршка за институциите за учење, наставниците и учениците од сите возрасти во стекнувањето дигитални вештини, со воведување на нови методи за учење,“. стои во апелот од Фондација Метаморфозис и Алијанса за отворени образовни ресурси на Македонија.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката