Антикорупциска отвори предмет за совеникот од ДУИ, во Општина Охрид, Нефи Усеини за дивоградбата кај Чинарот. Велат дека предметот се разгледува и дека што се заврши ќе се даде заклучокот на Општината.
Претходно, Антикоруцпската комисија даде заклучок дека фирмата “НЕФИ Ик” која се пријави да урива бесправни објекти во Охрид не може да добива предмети од општината и општинските претпријатија.
“Кажавме дека кај физичко лице кое има пицерија дивоизградена кај чинарот, а неговото правно лице се пријавило за рушење дивоградби има судир на интереси. Ефектот е што градоначалникот на Охрид излезе и кажа дека дека ќе го почитува”, рече Ивановска од ДКСК.
Нема да биде прв пат да се отвори уште една постапка против совеникот Нефи Усеини, овој пат за имотот кој го поседува, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Според неа, како што се испитуваат тековните предмети, ако се утврди нелогичности во некој друг дел против Усеини, постапка ќе поведена од страна на комсија.
“Доколку тој нагло се стекнал со имот, што е несразмерно со платата која ја зема, ДКСК ќе постапува”, вели Ивановска.
Дополнителен мотив за ДКСК да го испита потеклото на имотот на Усеини ќе биде доколку нема пријавено како се стекнал со него, но и ако нема пријавено чија сопстбеност е.
Инаку, Усеини има 9 земјишта во Охрид, од кои за четири нема информација чија сопственост се, а се пријавени во неговиот имотен лист. Тој пријавил и две куќи во Охрид и еден стан во Струга. Усеини има и порше, ауди а8, голф, како и 10 багери.