Антикорупциска утврди оперативен план за следење на изборниот период

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на своите законски надлежности во обезбедувањето законитост на изборниот процес и на текот на изборната кампања, по денешното распишување на локалните избори утврди оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период што трае од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори па до завршувањето на изборите.

ДКСК преку соопштение укажа на обврските што произлегуваат од членот 11 на Законот за спречување на корупцијата.

Во текот на изборниот период не можат да се користат буџетски средства на Република Македонија, средства од буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица што располагаат со државен капитал, освен ако тоа поинаку не е утврдено со закон со кој се уредува финансирањето на изборните кампањи на политичките партии.

Исто така не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

На може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати на буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.

ДКСК соопшти дека согласно член 12 од Законот за спречување на корупцијата, ќе го следи целиот изборен процес и во случаите кога постојат основи за сомневање дека буџетските средства или средствата од јавните фондови или средствата од јавните претпријатија и јавни установи или други правни лица што располагаат со државен капитал, како и државниот капитал, се непосредно или посредно, користени за изборна кампања или воопшто за финансирање на изборна и друга политичка активност, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања и ќе иницира постапки согласно надлежностите. Согласно тоа ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивните надлежности.
Според членот 13 од Законот за спречување на корупцијата, политичка партија или кандидат на изборите не смеат да прибираат и да користат противправни и анонимни извори на финансирање. Проверката на приливот на средства или други исплати преку банка, по барање на ДКСК не претставува повреда на банкарска тајна.

Комисијата потсетува дека согласно член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата давањето или ветувањето подарок или друга корист за себе или за друг, на избирач при избори или гласање на референдум, за да гласа или да не гласа или да гласа за определен кандидат или определена одлука, се смета за поткуп при избори и гласање.
Државната комисија во спроведувањето на законската регулатива за спречување на корупцијата во политиката во конкретни случаи и во овој изборен процес ќе остварува непосредна соработка со државните органи, како и со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар