Антикорупциска не ги прифати приговорите од Левица за Арсовска и на СДСМ за Димитриевски

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 52.седница ги одби приговорите кои на 5. октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица преку застапник по закон проф.д-р Димитар Апасиев и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ преку подносител Бранко Георгиевски. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да ја запре.

dobivaj vesti na viber

Членот на ДКСК, Нури Бајрами, кој го образложи првиот приговор, рече дека наводите од приговорот на „Левица“ за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки во согласност со своите надлежности.

Од анализата на изнесените наводи од приговорот и посочените одредби на Изборниот законик, како што посочи Бајрами, се потврдува дека Арсовска и коалицијата „Обнова за Македонија“ настапуваат како два различни субјекта и нема склучено официјален писмен договор за коалиција на двете страни

Потенцира и дека е точно оти Арсовска ги користи правата на медиумско претставување и финансиските средства за платено политичко рекламирање кои се предвидени и следуваат на опозициската коалиција „Обнова на Македонија“, што се потврдува преку писмениот одговор добиен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Во одговорот покрај наведено стои дека според обработените снимки од програмите на радијата и телевизиите не регистрирале политичко рекламирање со Данела Арсовска, а во дел од емитуваното платено политичко ркеламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ и на радија и на телевизија има спотови и за таа кандидатка. Во продолжение на одговорот од Агенцијата се вели дека рекламирањето на Арсовска во рамки на платеното политичко рекламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на упатството за платено политичко рекламирање за локалните избори, истакна Бајрами.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во врска со вториот приговор, рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен“.

Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово предложен од група избирачи „За наше Куманово“, Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број рекламни паноа и билборди од предвидените 10 проценти согласно ченот 78 став 4 алинеја 4, а во врска со ставот 2 на истиот член од Изборниот законик како вкупен процент на дозволени рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање на територијата на определена општина, а во случајот општината Куманово.

– Тој своите три билборди си ги користи и плус останатите ги користи заради тоа што законот му дава право, меѓутоа моментот како да се користат неискористените, не е регулиран, и ние од тука немаме основ како било да изреагираме односно да изречеме мерка во однос на независниот кандидат, додаде Ивановска.

Би можело да ве интересира

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата

„Водовод“ не ги послуша антикорупционерите: Избришани каматите на 396 неплаќачи на вода во ек на изборна кампања

Маја Илиевска-Пачемска

Антикорупциската го оспори пред Уставен суд Законот за коридорите 8 и 10 Д

Мери Јордановска

Наместо Антикорупциската комисија, во новите простории на барокната зграда се всели вицепремиерот Артан Груби

Мери Јордановска

Претседателските привилегии на Иванов и Црвенковски се најдоа пред Уставниот суд

Мери Јордановска

ДКСК: Пратеници со станови во Скопје наплатувале патни трошоци за доаѓање на работа

Мери Јордановска