Антикорупциска: Интервенцијата во Кривичниот законик го зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание

Од:

Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава. Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Северна Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експерстка дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата реагираат од Антикорупциска.

– Државната комисија за спречување на корупцијата е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог – законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 Септември 2023 година. Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание. Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна, се вели во соопштението од Антикорупциска.

Би можело да ве интересира

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Антикорупциска решава за приговорот на Силјановска Давкова за тестирањата за прием во Академијата за судии

Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска