• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Анкета: 51,1 отсто од Бугарите го поддржуваат влезот во ЕУ, но доколку земјава го спроведе Договорот за добрососедство

by А1он13/11/2020 - 14:3213/11/2020 - 14:48361
Share0

Мнозинството бугарски граѓани даваат поддршка за влезот на Северна Македонија во Европската унија, но доколку земјава го спроведе Договорот за добрососедство со Бугарија, покажуваат резултатите од анкетата, што ја спроведе „Галуп интернешнл Балкан“.

Добивај вести на вибер

Мнозинство од 51,1 отсто од испитаниците сметаат дека Бугарија треба да ја поддржи Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но под услов Република Северна Македонија брзо да го исполни Договорот со Бугарија. Безусловна поддршка за членство даваат само 8 отсто од испитаниците, а само 6,1 отсто сметаат дека Бугарија не треба да ја поддржи земјава под какви било услови.

Во заклучоците од анкетата се наведува дека бугарските граѓани силно ја поддржуваат Северна Македонија, поддржувајќи го нејзиниот влез во ЕУ и потврдувајќи ги традиционално високите симпатии за земјата со која постои заедничка историја.

-Но, тие категорично инсистираат, пред да размислуваат околу членството на југозападнот сосед во ЕУ, прво да се регулираат односите со Скопје. Предуслов е Скопје веднаш да го исполни Договорот со Бугарија, се наведува во заклучокот од анкета, спроведена преку директни интервјуа на примерок од 808 полнолетни бугарски граѓани во периодот меѓу 29 октомври и 6 ноември годинава.

Анкетираните требале да се одлучат меѓу две прашања, кои се поблиски до нивниот став: „Најважно е Република Северна Македонија да стане членка на Европската унија, дури и да не се сосема уредени нејзините односи со Бугарија“ или „Најважно е да бидат уредени односите на Република Северна Македонија со Бугарија, а не е толку важно Република Северна Македонија да стане членка на Унијата“. На првото прашање одговориле 5,8 отсто од граѓаните, на второто 57,9 проценти.

bugarija dogovor

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:56

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 08:20

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 14:56

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски02/10/2025 - 14:1002/10/2025 - 15:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен