Ангелов: Пожар делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

Од:

Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината.

Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

– Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно е зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци, а други штети се уште не се пријавени, изјави Ангелов.

Тој посочи дека од густиот чад на автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост, поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен во двата правци.

-Поради силниот ветер не може да полетаат ер-тракторите“ на ДЗС и хеликоптерите на Полицијата и Армијата и да се вклучат во гасење. На терен се скопската Пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири, рече Ангелов и додаде дека во моментот кога ветрот ќе намали ќе полетаат ер-тракторите“ на ДЗС и Армијата.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов

Вардариште го чува приватна агенција, Дрисла чади, дејствува ер трактор

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце