Ангел Димитров: Се потешко е да информирам за работата на заедничката историска комисија

Од:

Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.

-До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, наведе Ангел Димитров.

Според него, неговите колеги од Северна Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Тој даде пример дека, како што рече, тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година. Димитров додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.

Димитров рече дека „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата, потсетувајќи дека претстои втор круг од локалните избори во земјата“.

Би можело да ве интересира

Нема решенија од 15-тиот состанок поради бугарското инсистирање на нивното гледање за минатото, велат од македонскиот тим на Комисијата

А1он

Ангел Димитров: Не верувам дека Софија ќе направи отстапки кон Скопје под надворешен притисок

Катерина Павлова-Николовска

Ангел Димитров: Со неприфаќањето на заедничката историја, Македонија загуби три години

Катерина Павлова-Николовска

Димитров: Македонија мора да расчисти со југословенското минато, ако сака да оди напред

Габриела Димковиќ-Мишевска

Ѓоргиев: Делчев може да се слави од двете страни, нова средба на комисијата на крајот на месецов

Ана Ололовска