Ангел Димитров: Се потешко е да информирам за работата на заедничката историска комисија

Од:

Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.

-До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, наведе Ангел Димитров.

Според него, неговите колеги од Северна Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја. Тој даде пример дека, како што рече, тие не сакаат заеднички да ги слават заедничките личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година. Димитров додаде дека ќе биде тешко да се излезе од периодот на 10 и 11 век, за кој разговараат историчарите.

Димитров рече дека „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата, потсетувајќи дека претстои втор круг од локалните избори во земјата“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Приватниот сектор веќе трети месец ја чека мерката за субвенционирање на плати

Димитров: Работници од Индија пристигнаа во млечниот сектор и земјоделството

Горан Наумовски

Димитров: Северна Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија

Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Нова средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања

Нема решенија од 15-тиот состанок поради бугарското инсистирање на нивното гледање за минатото, велат од македонскиот тим на Комисијата

А1он