Ангажирање млади невработени од Богданци во општокорисна работа

Од:

Со работно ангажирање млади невработени лица во рамки на проектот „Општинскокорисна работа“, Општина Богданци повторно ќе го поддржи спроведувањето на владиниот оперативен план за услуги на пазарот на трудот.

– Нашата општина моментно е во фаза на избор на приоритетите, односно кои социјални или други услуги сметаме дека се најпотребни во општинава. Тоа ќе го утврдиме со користење на алатката „Моја општина“ преку која граѓаните рамноправно ќе учествуваат во изборот на услуги со кои ќе аплицираме годинава, информираа денеска од службата за односи со јавноста.

Од Општината најавија дека на најприоритетните позиции работно ќе бидат ангажирани три лица со скратено работно време од 20 часа кои ќе добиваат месечен надоместок и ќе бидат осигурани од повреда на работно место.

Изминатава година најголем интерес во општина Богданци имаше за позициите негувател на деца со посебни потреби, општ работник за грижа на стари лица и хигиеничар за станбени и деловни простории.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Со нож ја уби мајка си во Богданци, па сам се пријави во полиција

А1он

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски