Ангажирани 541 полициски службеник за превенирање и гасење на пожарите

Од:

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие, од страна на МВР беа ангажирани 541 полициски службеник, реализирани се 214 мото-патроли, а користени се 156 моторни возила.

Како што соопшти МВР, на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР, виедно, апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје