Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

– Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција” преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Би можело да ве интересира

Дела на Урошевиќ и Андоновски претставени на Фестивалот на словенските култури во Москва

Наум Локоски