АНАЛИЗА: ДУИ на тест – дали партијата ќе ги преживее уставните измени?

Од:

Дали ДУИ демонстира сила на коалицискиот партнер ВМРО ДПМНЕ, со што подготвува терен за некои идни пазарења или паријата на Ахмети се соочува со сеиозна внатрепетриска криза која води кон длабок раздор?

Иако на Централното претседателство на ДУИ донесе одлука за поддршка на предложените уставни измени, тие во финалната фаза заглавија во отсуство на потербносто двотретинско мнозинство од 82 гласови. Имено, „четворката поранешни команданти“, Хазби Лика, Џевад Адеми, Зулфи Адили и потпретседателот на Парламентот Рафиз Алити се изјаснија дека нема да ги поддржат уставните измени.

Потегот се случи во последен момент, по што операцијата за измена на Уставот сега е на „стенд бај“.

Во ДУИ се мерат „мускули“ – чиј збор е одлучувачки…

Партија на Али Ахмети е пред сериознен тест, се соочува со внатрепартиска “непослушност“ од кадри кои се значајни во хиерархијата на партијата и кои сакаат да му пратат поарака на лидерот дека одлуките не зависат само од некоговиот збор. Вака дел од аналитичарите ги толкуваат последните случувања во владеачката партија, која до последен момент демонстрираше поддршка за уставните измени. Пресвртницата се случи кога четворица истакнати членови на ДУИ децидно кажаа не за измените Уставот во фаза кога амандманите беа пред финално усвојување.

„Сметам дека зад одлуката на дел од пратениците на ДУИ да не ги гласаат уставните измени не се крие политичка игра. Напротив нивниот потег е почеток на процесот на аутенизација во самата партија. Овој процес значи дека пратениците сакаат да го отворат прашањето кој го има одлучувачкиот збор во партиските редови, односно дека неможе никој сам одлучува. Реакцијата на дел од пратениците на ДУИ доѓа во монети кога ДУИ, односно нејзниото лидер стави потпис на неколку политички одлуки, како онаа за новиот симбол за грб на Македонија, нешто што не поминува кај албанскиот народ“, вели аналитичарот Рамадан Рамадани.

Пратениците на ДУИ, кои во финална фаза се повлекоа од одлуката за гласање на уставните измени, тврдат дека никако нема да го сменат став бидејќи според нив, промените не се дел од платформата на ДУИ. Според пратеникот, Џеват Адеми, Уставот треба да се смени, но само во делот како да се избира претседателот, и тој дури најави дека е подготвен да даде оставка отколку поддршка за уставните измени. И другите двајца пратеници Хазби Лика и Зулфи Адили, го делат истиот став, на кој се приклучи и Рафиз Алити.

„Овие предложени измени на Уставот на РМ се целосно нерелевантни, небитни, неактуелни по ниту една конститутивна линија значајна за државава. За албанската популација во Макједонија пособено. Неа не ја допира, не ја тангира ниту една од хетерогените преложени уставни теми. Само поради ова, албанскиот политички фактор има причина да ја игнорира целата уставна процедурална постапка. Па сепак, еве конкретно за пратениците на ДУИ, за еден дел од нив, оваа „топка“ од уставни предлози што им ја нафрлува ДПМНЕ, им се добродојдени по два основа: Прво, да покажат дека како партија се партнер во владата кој сепак имаат некаква тежина при донесување одлуки, дека нешто и од нивниот глас сепак зависи, да пратат порака кај својот електорат дека не се само сенка во коалицијата“, смета аналитичарот и новинар Зоран Иванов.

И Иванов и Рамадани сметаат дека владеачкиот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да посегне по мешање во внатрепартиските случувања на партијата на Ахмети.

„Четворицата пратеници на ДУИ кои решија да не ги гласаат уставните измени на своја страна ги имаа аргументите и препорактите на Европската Унија и на Венцијанската комисија, кои не треба да заборавиме дека испорачаа серија на забелешки во предложените измени на Уставот. Од дрга страна според мене молкот на ВМРО ДПМНЕ е очекуван, бидејќи партијата знае дека реакцијата на четворицата пратеници на ДУИ е сериозна и дека станува збор за политички барања поврзани со самата партија. Зад отпорот на пратениците се аргументите на ЕУ, на која ДУИ се повикува во континитет“, вели Рамадани.

Дел од аналитичарите пак кои ги поддржуваат актулените владеачки политики, сметаат дека со потегот да не се гласаат уставните измени, ДУИ ја губи релевантноста како партнер од доверба во бракот со ВМРО ДПМНЕ и упатуваат на тоа дека треба да се земат во резева сите идни преговарања и договори со ДУИ.

Сепак, според дел од аналитичарите, одлуката на истакнати функционери на ДУИ да не ги поддржат уставните измени не е наивен потег, напротив тие му праќаат силна порака на лидерот кој досега непрокосновено пливаше во владеачкиот брак.

„Според мене, клучот е во тоа што дел од „заслужните“ на ДУИ од минатото, му манифестираат непослушност на доскоро неприкосновениот лидер Ахмети во сегашнота и да му пратат порака дека тие и политички пораснаа и дека контролираат позиции „на теренот“, како клуч за моќта на партијата и лична моќ за сопствената идна позиција во партиската хиерархија. Патем, Али Ахмети досега се покажа како добар пливач во се` понемирните внатрешнопартиски води. Актуелното „непослушно“ однесување на дел од неговите пратеници за него е прекор, ама и шанса да покаже дека умее ненарушен да го сочува својот лидерски авторитет“, смета Иванов според кого „бунтовниците“ сепак ќе попуштат пред политичките алатки на Ахмети и тој нивен „пораз“ ќе биде двојна лидерска победа и за Ахмети, ама и за Груевски кој преку него ќе прати уште една порака дека, како и се во општествово, ја контролира и ДУИ.

Пакетот на уставните досега требаше да биде усвоен, откако експресно ги мина собраниските филтри и доби вребална поддршка од владеачките партии дека пратениците ќе обезбедат двотретинско мнозинство. Опозициската СДСМ, која е надвор од парлементот, останува на ставот дека измените се носат во време на отсуство на широк општествен консензус, со забелешки од Европската Унија и Венецијанската Комисија, кој креаторот доследно не ги примени.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски