Американски лекари држат предавања на студентите на Факултетот за медицински науки во Штип

Од:

Универзитетски професори Дејвид Ларсен и Џејмс Вудс од универзитетот во Милвоки, Висконсин во САД денеска пред студентите на Факултетот за медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип одржаа предавање на тема пластична хирургија.

Тие велаат дека во Македонија се на покана на министерот за здравство, Никола Тодоров заради усогласување на образовниот процес на медицинските студии во Македонија и САД. Покрај интензивни средби со наши лекари специјалисти, професорите имаат постојано предавање пред студентите од медицинските факултети, на кој се презентираат знаења од различни области.

– Пред студентите од медицинскиот факултет при УГД ќе зборувам за основните во пластичната хирургија која е моја специјалност, рече Ларсен.

Лекарот Џејмс Вудс, исто така професор на универзитетот во Милвоки во САД, веќе трета година по ред доаѓа во Македонија и вели дека овие посети се добра можност за размена на искуства и добри пракси. Особено е задоволен со квалитетот на знаење што го покажуваат македонските студенти.

– Иако постојат големи разлики во студиските програми и со оглед на фактот дека се работи со лимитирани ресурси, сепак сум импресиониран со нивните способности да апсорбираат нови знаења, рече Вудс.

Докторите од САД се сретнаа и со раководните лица во штипската Клиничка болница, а имаат соработка и со лекарите од оваа регионална болница.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on