Амбасадорката на Србија: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград

Од:

Србија стои на располагање на Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, веќе успеавме да згрижиме одреден број повредени во несреќата во Кочани, а еден број од нив и денеска патуваат за Белград, изјави српската амбасадорка во земјава Невена Јовановиќ, по потпишувањето во Книгата на жалост што беше денеска отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Таа од име на Република Србија и во нејзино лично име изрази најдлабоко сочувство, како до семејствата на настраданите така и до државното раководство и сите граѓани на Република Северна Македонија.

-Србија тагува заедно со вас, нашите мисли се со братскиот македонски народ и со сите граѓани на Северна Македонија, и мислам дека не постои личност во Србија која не заплака поради она што се случи во Кочани, ние се трудиме на сите можни начини да споделиме со Вас оваа болка и да ја пружиме сета расположлива помош онака како што вети претседателот Вучиќ и нашето највисоко раководство и веќе успеавме одреден број пациенти да ги згрижиме во здравствените установи на Република Србија, еден број од нив и денеска патува за Белград, изјави српската амбасадорка.

Повтори дека Реублика Србија стои со сите свои капацитети на располагање на Северна Македонија „за да сите заедно колку толку ги ублажиме последиците на оваа несогледлива трагедија“.

Според последните информации 59 лица загинаа а 155 се повредени во страотниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во саботата вечер.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се испратени на лекување во странство, преку кризниот штаб кој во изминатите 24 часа го кординираше процесот. Дополнително уште дваесетина ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката

ВИДЕО: „Не го оставаат гробот на мојот син“ – таткото на загинатиот тапанар од ДНК реагира на 14 кражби од гробот на Ѓорѓи

Катерина Ѓуровски

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Девојка сведочеше за трагедијата во „Пулс“: Настана паника по извикот „се запали“

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка