Граѓанската иницијатива АМАН собра 11.000 потписи за промена за Законот за енергетика и побара Државната изборна комисија да ја прекине постапката за собирање на потписи.
„Државната изборна комисија сега треба да се произнесе по нашето барање, со што ќе ни овозможи да го собереме материјалот од подрачните единици на ДИК во кои граѓаните даваа потписи. Во рок од три дена од почетокот на собирањето на материјалот ние треба да го доставиме до Собранието на Република Македонија“, вели Џелал Хоџиќ, активист.
Сепак целата постапка на Аман за собирање потписи треба да заврши на 31 јануари па дури потоа да го достави материјалот до Собранието.
Потоа, Собранието на РМ на пленарна седница треба да ја утврди потребата од измените на Законот за енергетика и потоа да почне редовната собраниска процедура за промени на законот.
Со барањето за прекинување на постапката активистите на „Аман“се надеваат дека навреме ќе ги завршат процедурите и ќе го достават материјалот до Собранието за тоа да може пред локалните избори да се произнесе за оправданоста на бараните измени на Законот за енергетика.
Преку иницијативата на АМАН се бараше на воведување на три часа дневна евтина струја како и законско регулирање на плаќањето на парно.