„АМАН“ се откажува од битката за поевтина струја

Од:

И Уставниот суд ја одби иницијативата за враќање на евтината дневна тарифа за струјата. За социјалниот аспект на Тарифникот за електрична енергија донесен од Регулаторната комисија, треба да размислува Собранието и Владата, а на Регулаторот, се вели во образложението на Уставниот суд.

-По осуммесечна битка со институциите, бирократијата и државата, на граѓаните им останува битката да ја вратат на улицата, но за тоа повеќе немаат сила, затоа што тие се помирија со ситуацијата – вели Александар Гочев од АМАН, во изјава за Радио Слободна Европа.

Со цел враќање на евтината струја, помеѓу останатите барања, во текот на летото АМАН организираше низа протести. Подоцна беа собрани и 13 илјади потписи со кои се побара измена на законот за енергетика. Иницијативата влезе во Собрание и експресно беше одбиена. Подоцна, од АМАН ја подржаа иницијативата за преиспитување на уставноста на одлуката за укинување на евтината струја до Уставен суд. И таа вчера беше одбиена.

Како единствена можност за иницирање на измени, сега останува распишувањето на Референдум, но за да се одржи прво треба да бидат собрани 150 илјади потписи. Но од АМАН веќе се уверени дека и референдумското изјаснување нема да направи промени.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

Една година од најмасовните социјални протести во Македонија

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) ОТПОР: Груевски досега потроши една милијарда евра за увоз на струја

Ана Ололовска