АМАН ќе собира 150.000 потписи за референдум?

Од:

Во понеделник ќе се знае дали ќе се врати евтината дневна тарифа, кога е закажана пленарната седница на Собранието.

Пратениците ќе треба да одлучат дали ќе за гласаат за или против предлогот на граѓанската иницијатива АМАН, поддржана од 13.169 граѓани. Поранешни регулатори велат дека има услови предлогот да пројде кај пратениците, а од АМАН најавија и можен референдум за нивните барања, пишува порталот Фактор.

Зорица Димовска, која е овластениот претставник на граѓанската иницијатива, објаснува дека тие добиле покана за присуство на пленарната седница во понеделник, на која ќе се расправа за предлозите. Тие ќе го образложат нивното барање , но сепак Димовска посочува дека ако во понеделник предлогот не помине и пратениците не дадат зелено светло, тогаш можно е да се оди на собирање 150.000 потписи за референдум.

Пред неколку дена Kомисијата за економски прашања го отфрли предлогот на АМАН со образложение дека доколку се врати дневната евтина тарифа, со тоа ќе се оптоварат електраните, дополнително, тоа ќе придонесе до зголемување на увозот на скапа струја, а со самото тоа ќе има и поскапување на електричната енергија.

На комисиската расправа во прво читање, пратениците од албанска националност, ја поддржале иницијативата, додека останатите гласале против. Заменик-министерот за економија Христијан Делев, на седницата на комисијата, објасни дека Македонија е потписничка на Договорот за енергетска заедница и не може да преземе еднострани чекори оти во него е одреден начинот на наплата на струјата на заедничкиот европски пазар.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

Една година од најмасовните социјални протести во Македонија

Емир Латифовиќ

„АМАН“ се откажува од битката за поевтина струја

Емир Латифовиќ