Алиу: Зекири и овозможи на шовинистичката влада да се фали

Од:

„Денешната седница е невидена маскарада, пратеникот Изет Зекири на оваа шовинистичка и националистичка влада, на оваа антиалбанска влада и овозможи да промовира непостоечи објекти во албанските места и да се фали со тоа.Овој пратеник ја зема улога на ДУИ.Ова не се случило до сега во Парламентот.Овој пратеник и оваа партија прават кворум за мнозинството, и ги помагаат сите чекори на власта“, ова, изреволтиран го кажа Имер Алиу од ДПА.

На Зекири, кој доаѓа од партијата на Руфи Османи му порача да се ориентира во ДУИ. Но, рече, додека е Невзат Бејтатаму, не можат, па затоа, рече, нека се наредат кај ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот тек на седницата ни малку не наликува на седница за пратенички прашања и се дерогира оваа демократска контрола и отчет на Владата во Собранието,

Премиерот прво доцнеше 50 минути, а потоа целото време е потрошено за старите пратенички прашања, а во најголем дел, тоа беше токму Зекири, кој поставуваше дополнителни прашања, а Владата детално образлагаше што и каде изградила.

Во тек е пауза.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги