ВИДЕО: Алијансата за Албанците заседава за ставот на партијата околу референдумот

Од:

Започна седницата на Централното собрание на Алијансата за Албанците со повеќе точки на дневен ред меѓу кои е и претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември годинава.

На седницата членовите ЦС на Алијансата за Албанците ќе се изјаснат за нивниот став за прашањето на референдумот по што ќе биде донесена одлука за официјален став на партијата.

Пред почетокот на седницата претседателот на партијата Зијадин Села не сакаше да го изнесе својот став за референдумското прашање. Тој рече дека крајниот исход не зависи само од него, туку од целото Централно собрание како највисок орган на партијата.

Во врска со изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, сите партии да се произнесат околу ставот за референдумот во рок од 3 дена, Села рече дека тоа е дрско однесување, притисок и навлегување во внатрешните одлуки на партијата.

Седницата е од затворен тип, по нејзино завршување лидерот на партијата, Зијадин Села ќе го изнесе заземениот став пред јавноста.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски