Алијансата на Албанците нема да биде дел од реконструираната влада на Заев

Од:

Алијансата на Албанците на првото Централно собрание кое се одржа вчера во Кичево одлучи да не биде дел од владината гарнитура предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Ваквата одлука е донесена поради, како што велат од партијата, недоволната заложба на владата за радикални реформи во земјата, особено во принципите при примената на правото.

-Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да му претходи парламентарен изборен процес. Оваа едногласна одлука на АА се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото, велат од партијата.

Премиерот Заев во февруари оваа година најави реконструкција на владата, промена на министри и директори во владините институции. Во новата владина гарнитура, премиерот Заев рече дека ќе има место за сите партии освен за опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Покрај преговорите со Движењето Беса, со цел зајакнување на парламентарното мнозинство, премиерот Заев најави преговари за влез во владата и со Алијансата на Албанците, но по се изгледа преговорите биле неуспешни.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Актуелната власт ги поттикна антиалбанските елементи, амнестијата за 27 април е поддршка на тероризмот

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ го прекрши последното ветување, поминаа шест месеци, нема преговори со ЕУ – ОСТАВКА!

Лога: Вреди, односно преведувачите на ВМРО-ДПМНЕ молчат пред случаите кога се прекршуваат правата на Албанците

Гаши се здружи во Левица за интепелацијата на Илире Даути обвинува Алијанса на Села

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Граѓаните да бидат внимателни и да не станат плен на вакви провокации и сценарија

Алијанса за Албанците: МВР треба да ги открие и сторителите на палењето на албанското знаме