Алијансата до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за да сериозно се бориме против криминалот и корупцијата

Од:

Aлијансата за Албанците е заинтересирана за реални и вистински реформи во правниот систем и дека ова првично треба да се направи со именување на обвинител од земјите на ЕУ кој ќе може да ја врати изгубената доверба во судскиот систем, објаснува партијата преку соопштение.

Не треба да се обвинуваат одредени држави во ЕУ поради тоа што не сме добиле датум за преговори бидејќи судбината на членството на земјата во Европската унија е во наши раце и лидершипот треба да сноси одговорност за тоа. Последен момент е судскиот систем да се реформира, така што судските органи да бидат слободни да осудуваат политичари кои го прекршуваат законот, смета Алијанса за Албанците.

„Алијансата за Албанците навреме го алармираше неуспехот на судските реформи и, следствено, недобивањето датум за започнување преговори.

Алијансата за Албанците ќе ја поддржи секоја иницијатива со која ќе почне спроведувањето на реформите во правосудниот систем. Го повторуваме уште еднаш ставот дека на чело на СЈО треба да биде назначен обвинител од некоја од државите на ЕУ, бидејќи ова е последната шанса за правдата.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани