Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Од:

По обидот за фаќање на Советот на обвинители, сега партиите од коалицијата ВЛЕН, во соработка со ВМРО, сакаат да го фатат и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни дејности, со двајца целосни партиски кандидати пријавени на конкурсот кои веќе ја поминале матичната комисија и се обидуваат да ги изгласаат и на пленарна седница, велат од Алијанса за Албанците.

„Со прекршување на Законот и условите на конкурсот, комисијата за прашања на изборите и именувањата ја донесе листата на која се и двете кандидати Афрона Верзиволи и Нафие Селмани. Првата кандидатка на групата на Арбен Таравари, претходно номинирана за главен ревизор на ИПА фондовите, сопартиец и сопруга на претседателот на огранокот на групата на Таравари во Липково, Адријан Демири. Дури и на местото главен инспектор, каде што беше одбиена поради неисполнување на условите, Верзиволи и беше предложена на Владата како партиски кадар.

Другата кандидатка, Нафие Селмани, беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Град Скопје, кандидат за општински советник во Чаир како и на последните парламентарни избори, кандидат на оваа партија на листата за пратеници.

Евентуалниот избор на двајца кандидати предложени од владините партнери, како и на некои други членови блиски до ВМРО и други политички партии, значи скандалозна партизација на советот за медиуми, кој треба да биде независно тело. Слободата на медиумите и новинарите е еден од главните столбови на демократијата што не треба да дозволиме да биде загрозена од теснопартиските интереси на актуелната нелегитимна Влада“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани