Алијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“

Од:

Денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски и проформа лидерот на контролираната македонска опозиција Венко Филипче е само манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“, спонзориран од македонската олигархија и од „серискиот свет“, велат од Алијанса за Албанците.

„Се знае за што ќе разговараат Мицкоски и Филипче. Овој последниот, заедно со сите негови пријатели, ќе се спасат од секаква законска одговорност за своите дела, додека двајцата заедно ќе го дизајнираат новиот систем кој ќе продолжи да ги удира Албанците, да ја деалбанизира државата, да ги прогонува Албанците и да го зајакне моноетничкиот режим.

Ја прашуваме коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, кои без легитимитет се во Владата каде никој не ги рачуна, што повеќе треба да се случи за да се вразумат, да се одразат и да ја отфрлат улогата на вазали која скапо ги чинеше Албанците во овие 9 месеци, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани