Алијанса за Албанците: Предлог-законот за основно образование не е реформски

Од:

Нацрт законот за основно образование кој се уште не е ниту во парламентарна процедура не содржи никави новина. Ова го истакна раководителот на одделот за образование во Алијансата за Албанците Екрем Исмаили на денешната прес конференција во Тетово.

– Овој предлог закон е уште порестриктивен и наместо да нуди просперитет уште повеќе ја има деградирано оваа важна сфера во општеството со тенденција за централизација на образовниот процес. Тука наместо градоначалникот да има автономија во креирањето на образовните политики во општината владата се обидува преку разни мерки да се преземаат ингеренциите и да му се оневозможува управувањето како што е случајот со општина Гостивар, истакна Исмаили.

Според оваа партија, новиот предлог закон за основно образование е копија на стариот закон со една површинска шминка што вклучува многу нејаснотии и носи конфузија во врска со овластувањата на органите што управуваат, раководат и контролираа определени потсистеми во севкупниот образовен систем. Ова според Исмаили особено се однесува на вертикалното продолжување на ингеренциите на управните органи и нивното испреплетување и мешање со ингеренциите на управниот и раководниот орган, Советот на општината, градоначалникот, Бирото за развој на образованието, министерството за образование и надлежниот министер.

Тој обвини, без да посочи повеќе детали, дека во пресрет на новата школска година министерството за образование и наука склуччило договор во четири очи со фирма од Тетово во вредност од 5,3 милиони евра надвор од било која постапка.

Би можело да ве интересира

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Алијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“

АА: Бараме итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани