Алијанса за Албанците: Не кратете од платите на наставниците и на администрацијата

Од:

Алијансата за Албанците реагира на барањето на СДСМ до Владата да се намалат платите на наставниците и на државната и јавна администрација. Од партијата предлагаат приходите до 30.000 денари да останат непроменети, а приходите на 30.000 денари да паднат на минималната плата за април и за мај.

„Фактот дека вработените во јавната и државната администрација, наставниците во средните и основните училишта кои примаат најниски плати, нивниот месечен приход е далеку над нивото на потрошувачката корпа, затоа сметаме дека е неподнослив товар за оваа категорија да се оптовари и со еден дел од трошоците за справување со кризата. Алијансата за Албанците ја поканува власта да бараат извори на финансирање на други адреси, позајмувајќи средства од меѓународни финансиски институции, зголемувајќи ја ефикасноста на јавните пари, намалувајќи ги максимално јавните непродуктивни трошоци, прекинувајќи ги сите јавни трошоци на јавни службеници, освен основната плата“, велат од Алијансата за Албанците.

Од партијата велат дека во функција на конкретизирање на мерките, предлагаат приходите до 30.000 денари да останат непроменети, а приходите над 30.000 денари да паднат на минимална плата за април и мај.

„Тие кои имаат солидни плати имаат дополнителна можност да ги надминат следните 60 дена. Се надеваме ќе ја надминеме оваа состојба што е можно поскоро“, велат од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани