Aлијанса за Албанците: МВР под итно да преземе мерки против лицата и навивачките групи кои промовираат меѓуетничка омраза

Од:

Жално е кога група на навивачи, кои и на прославата на победата на својот тим, ја користат можноста да ги понижуваат Албанците и да промовира меѓуетничка омраза. Односот на Комитите покажува примитивен менталитет и е бесмислен, бидејќи наместо да се радуваат на победата на нивниот тим, ги навредуваат Албанците, реагира Алијансата за Албанците на вчерашните навивања на дел од навивачката група на РК Вардар во Скопје.

„Овој феномен многу често се случува, како во случај на загуба, па така и на победа, со години наназад. Многу често невини Албанци биле жртви на оваа група на навивачи, а малтретирањето отишло и до уништување на нивните имоти, и за чудо, досега, никој не одговарал.

Овој однос на Комитите веќе стана навика и тоа поради фактот дека наместо да одговараат и да бидат казнувани, ова група навивачи ниту се осудени, а донекаде и охрабрувани.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, под итно да преземе мерки против лицата и навивачките групи кои промовираат меѓуетничка омраза и промовираат говорот на омраза, и тоа не само внатре во стадионите, туку и надвор од нив, па се до плоштадот во Скопје, како што беше случај минатата ноќ со Комитите, навивачи на Вардар“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани