Алијанса за Албанците: Граѓаните да бидат внимателни и да не станат плен на вакви провокации и сценарија

Од:

Вербалните закани, говорот на омраза и антиалбанската реторика поттикнати и од владини политички експоненти и националистички групи, почнаа на дело да се реализираат со напади врз Албанците и нивниот имот, како што беше случајот синоќа во Куманово каде беа запалени канцеларија и три возила сопственост на Албанците. За жал, како и во минатото така и сега, Куманово повторно е избрана за арена за опасни сценарија и следен удар врз Албанците, велат од Алијанса за Албанците.

„По последователни настани, изјави започнати во текот на кампањата, владини одлуки, инциденти за време на празникот 28 ноември и сега со палењето на имотот на Албанци во Куманово, јавно прашуваме кој стои зад целата оваа кампања и кој си игра со оган? Можеби таканаречениот „српски свет“, заедно со нивните слуги во Северна Македонија, сакаат слична дестабилизација како што се обидоа пред неколку денови во Косово.

Следејќи ги со загриженост состојбите и последните случувања, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не станат плен на вакви провокации и сценарија, а Владата и надлежните институции итно да дејствуваат да ги спречат. Ги повикуваме албанските партии во Владата да стават крај на нивната авантура за која од почеток ги предупредувавме и да не станат марионети на нивните партнери кои отворено ги искажаа своите планови против Албанците, туку да се вратат кај народот заедно да ја запреме оваа опасна кампања.

Алијансата за Албанците ја повикува меѓународната заедница директно да интервенира за да се спречат ваквите настани и оваа кампања која ја загрозува не само земјата, туку и целиот регион“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Алијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“

АА: Бараме итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани