Алијанса за Албанците: Го фативме Мицкоски со рачињата во медот, ова е единствената причина за нападите на ВМРО

Од:

„Неодамнешните клевети и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, кон АА, немаат друг мотив, освен одмазда откако Алијанса за Албанците го обелодени коруптивниот скандал на јавен тендер вреден 12 милиони евра што води до Мицкоски“, велат од Алијанса за Албанците.

„Станува збор за злоупотребена набавка на биометриски систем за идентификација на гласачите којшто никогаш не профункционирал и кој Кренар Лога, членот на ДИК предложен за министер за правда, го откри и го пријави до Антикорупциската комисија и органите на правдата.

Државната комисија за спречување на корупција и Државната ревизија веќе отворија предмет за овој коруптивен случај на партијата на Мицкоски, а информирани се и амбасадите во земјава.

ВМРО-ДПМНЕ има долго криминогено и коруптивно минато под водство на Груевски, од кое Мицкоски како негов штитеник на чело на ВМРО никогаш не се оградил, ниту во однос на шовинистичкиот наратив, ниту во однос на коруптивните методи.

За деталите на овој скандал ви го испраќаме документот и видеото од дискусиите во ДИК каде што беше пријавен скандалот“, соопштува Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Алијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“

АА: Бараме итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани