Алијанса за Албанците: ДУИ да го прекине наградувањето за нивниот шеф Сашо Мијалков

Од:

Алијанса за Албанците ја повика ДУИ да го прекине наградувањето за нивниот шеф Сашо Мијалков. Последователните олеснувања и услуги за Мијалков неодамна кулминираа со тригодишен одмор во струшкиот затвор, се вели во соопштението на партијата.

Партијата во соопштението вели дека само во Северна Македонија можете да крадете од граѓаните, да ја злоупотребувате моќта, да станете милионер и на крај да бидете помилувани, амнестирани и наградени со смешни казни и луксузно сместување.

„Сето ова се случува благодарение на сегашниот хибриден режим, а особено на ДУИ, кои ги слушнавме и во прислушуваните разговори кои ги контролираат судиите и обвинителите кои ги именуваа заедно со Мијалков и Јанкуловска“, велат од Алијанса на Албанците.

Би можело да ве интересира

Османи ги демантира обвинувањата на Алијанса на Албанците

Татјана Ташкова