А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Алијанса за Албанците со 10 предлози за намалување на иселувањето на лекарите

by А1он09/07/2018 - 16:37435
Share0

Во последните неколку дена повторно сме сведоци на нов егзодус на лекари, овој пат од тетовскиот регион, кој ако продолжи со овој тренд во иднина ќе предизвика сериозни последици во локално ниво, но и пошироко создавајќи можности за хаварија во здравствениот систем на Македонија, кој и така е болен, особено во последната деценија. Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците внимателно го следи ова прашање и по многу анализи и обработка на информациите, во ова акутна фаза го предлага Пакетот 10 кој треба да се инкорпорира во новиот долго очекуван Закон за здравствена заштита кој е во подготвителна фаза. „Пакетот 10 не е магично стапче, но е сериозен обид и алатка за решавање на проблемот преку мотивирање на младите лекари за вработување и кариера во нивната матична земја“, смета Алијансата за Албанците.

Добивај вести на вибер

Партијата предлага во што пократок рок да се подготви електронска здравствена мапа на јавните здравствени установи за на транспарентен начин да бидат прегледни слободните работни места. Сите млади лекари да се вработат веднаш а како главни критериуми да бидат успехот во тек на студиите и потребите на здравствениот систем на Македонија. Сите млади истакнати лекари да се ангажираат во Универзитетскиот клинички центар во Скопје и клиничките болници во Тетово и Штип.

Во забрзана постапка да се изедначат коефициентите за платите на лекарите и судиите. Минималната плата на лекарите да изнесува 50.000 денари, а дежурствата да се плаќаат не помалку од 3.000 денари. На сите лекари кои изразуваат интерес за специјализација, државата да даде гаранција дека по 5 години работно искуство да можат да запишат специјализација и истата да ја почнат со целосно финансирање од Министерството за здравство како и итно да се прекинат приватните специјализации за државјани на Македонија. Да се подобрат условите за работа, да се обезбеди правна и физичка безбедност со донесување на законот за правата на лекарите, се вели во предлогот.

Исто така се бара Лекарската комора со сиот капацитет да се вклучи во решавање на проблемот, а не да игра улога на пасивен набљудувач. Ова институција да обезбеди поволни кредити за младите лекари се со цел да се обезбедат оптимални услови за живот на младите лекари и нивните семејства. Медицинските факултети во земјата еднаш годишно да организираат „Ден на кариерата” се со цел студентите во последните години на студии да се запознаат со можностите за вработување и напредување во кариерата во здравствениот систем на Македонија и Владата да организира итна средба со агенциите посредници (brain-hunters) и да влијае на начинот и содржината на презентација на условите за работа на младите лекари кои аплицираат за работа надвор од државата.

alijansa za albancite

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он30/08/2025 - 10:0430/08/2025 - 12:25

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Горан Наумовски13/08/2025 - 18:50

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Горан Наумовски11/08/2025 - 18:55

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

Горан Наумовски01/08/2025 - 19:35

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:23

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Предраг Петровиќ19/07/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен