Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

Од:

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница.

Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.

Пред Стојановски на листата за пратеници од коалицијата е Игор Никовски, но Никовски ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.

За нвоите тројца пратеници ДИК, рече Кондарко, веднаш ќе го информира Собранието на РСМ.

Претходно денеска, на седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа мандатите за пратеници.

-ДИК констатира дека пратеници во Собранието за остатокот од мандатот ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов, првите двајца за Изборната единица 1, а Андонов за Изборната единица 4, истакна Кондарко и дополни дека според процедурата, ДИК на избраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска е избрана за градоначалник на Кисела Вода, пратеникот Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште, а Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп.

ДИК на денешната седница ја усвои и Одлуката за доделување средства на своите вработени, на припадниците на МВР и на другите ангажирани лица за враќање на уредите за биометриска идентификација на гласачите кои се користеа во изборниот процес. Уредите треба да бидат донесени во ДИК, а потоа од нив треба да се избришат и сите внесени податоци.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“