Алцхајмерова болест – тивок крадец на спомените и епидемија на 21 век

Од:

Според светската статистика во нашата земја би требало да има околу 20 илјади заболени од Алцхајмерова болест, а само 20 проценти се дијагностицирани и третирани.

Под мотото „Сети се“ со слушање на музика од минатото и гледање на стари филмови денеска на плоштадот „Македонија“ во организација на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука се одбележа 21 Септември – Светскиот ден на Алцхајмеровата болест која се нарекува епидемија на 21 век.

Првата дама, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска порача дека деменцијата не засега сите нас и започнува тивко и незабележително, а трае долго.

– Бројките се алармантни. Во светот до 2020 година околу 50 милиони луѓе ќе бидат заболени од Алцхајмерова деменција, а ако не се пронајде лек до 2050 година, тој број трикратно ќе се зголеми, изјави Ѓоргиевска.

Нагласи дека нашиот придонес во борбата со неа ги надминува медицинските достигнувања и навлегува во сферата на човековите доблести.

– Колку повеќе ја поттикнуваме кај себе човечноста, разбирањето и информираноста на болеста, толку повеќе влијаеме за создавање хуимани услови за живот и подеднакви услови за сите. Треба да им се помогне на луѓето кои трагаат по сеќавањата и не ги препознаваат своите најлиски. Да ги разбереме и да им помогнеме иднината да им стане посреќна. Можно е да се живее со деменција, но најважна е личноста, а не болеста, изјави Ѓоргиевска.

Габриела Новотни од Институт за Алцхајмерова болест и невронаука, вели дека ова е една од најтажните болести, која ни ги краде сите спомени и сеќавања, со еден збор сето она што во животот ќе го заработиме.

– Потребно е активно да се бориме против митот дека заборавањето е дел од нормалното стареење. Забораваме сите како последица на расеаност, но доколку тоа се повторува и ги попречува нашите секојдневни активности потребно е да се побара помош, истакна Новотни.

Посочи дека како минуваат годините и како расте животниот век, така ризикот за Алцхајмеровата болест е поголем и многу почеста е болеста со доцен почеток, над возраст од 65 години.

– Идејата за организацијата на овој настан е произлезена од реминисцентната терапија. Тоа е терапија со потсетување. Алцхајмеровата болест ги краде спомените кои се последни запаметени. Старите спомени, времињата на нивната младост последни ќе исчезнат, затоа слушањето на музика од нивната младост и гледање на фотографии, буди многу пријатени емоции и се намалува агресивноста, вели Новотни.

Со тоа, посочи таа, се штеди злоупотреба на многу лекови кои се препишуваат за смирување и се подобрува квалитетот на животот преку нефармаколошки третман.

Би можело да ве интересира

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Ана Ололовска

Со тест на крвта може да се открие Алцхајмеровата болест во најрана фаза и пред симптомите да се појават

Во пораст бројот на лица со Алцхајмерова болест, дијагностицирани дваесет илјади

Ана Ололовска

Светски ден на Алцхајмеровата болест

Ана Ололовска

„Њу Сајентист“: Причината за Алцхајмеровата болест најверојатно е откриена

Ана Ололовска

Проект за превенција и рана дијагностика на Алцхајмерова болест/деменција

Ана Ололовска