Акција за чистење и разубавување на животната средина денеска ќе се спроведе во сите општини во Македонија. Во акцијата акцент ќе биде ставен на чистење на дивите депонии, подигнување на комуналниот отпад, чистење на улиците и парковите.
Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја посети општина Дојран, ќе се сретне со градоначалникот Анго Ангов со кого ќе се вклучат во акцијата што ја организира Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС.
Ова акција вчера ја најави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов.
– Град Скопје и останатите општини својата заложба за почиста и поздрава животна средина ја поместуваат меѓу најважните приоритети во нивното дејствување, изјави Шилегов.