Акција за отстранување на времените објекти во Велес

Од:

Општина Велес неделава почна акција за отстранување на времените објекти на нејзината територија, најпрво со писмено известување до сопствениците сами да ги отстранат времените објекти, по што тоа присилно ќе го прават службите на општината, на сметка на сопствениците.

Според проценките на стручните служби на општина Велес, на подрачјето на градот има околу 600 бесправно изградени времени објекти: настрешници, гаражи, киосци и слично.

Како што информира Орце Николов, портпарол на општина Велес, со акцијата првично ќе бидат опфатени 211 објекти на потегот од општинската зграда до „Комплекс УЗУС“ во новиот дел на Велес. На овие простори општината планира нови зелени површини, садење на дрвја и изградба на паркинзи.

– Овие бесправно изградени објекти го нарушуваат јавниот простор и ги користат без да платат ниту денар за користење на јавна површина, создавајќи нелојална конкуренција на трговците, угостителите и граѓаните кои го почитуваат законот и ги плаќаат сите давачки кон општината и државата, појасни Николов.

Воедно информира дека во првата фаза се опфатени 27 објекти на улиците „Андон Шурков“, „8 Март“ и „Христо Татарчев“.

– Акцијата ќе продолжи се до отстранување на сите времени и бесправно изградени објекти од овој тип, на подрачјето на градот. Општина Велес апелира до сопствениците на објектите да соработуваат во интерес на примена на законот и во интерес на сите граѓани и да придонесат урбаниот простор и зелените површини да бидат достапни за сите граѓани подеднакво, потенцира Николов.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес