Акција за донирање книги во Велес

Од:

Во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беа предадени книги собрани од акцијата на библиотеката и граѓаните на Велес: „Подари книга, подари светлина“. Најголем дел од собраните 1200 книги ги доби Територијалната противпожарна единица од Велес, која формираше своја библиотека.

Директорот на библиотеката Игор Крајчев изјави дека ова е најдобрата акција што ја организирале. Им се заблагодари на сите граѓани кои донираа свои книги и ги повика да продолжат со навиката за дарување.

– Собравме околу 1200 книги кои ги поделивме на книги за возрасни и на книги за деца. Согласно со планот за акцијата, одлучивме книгите за возрасни да и ги донираме во Противпожарната единица во Велес, а книгите за деца ќе ги донираме во Центарот за социјална работа во Велес, информираше Крајчев.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско