Акција на „Мрдни со прст“ во Мала Река

Од:

Првиот скопски извиднички одред „мрднаа со прст“ на место за кое не сме навикнати да го слушаме по медиуми или гледаме на интернет. Денеска нивните волонтери, заедно со мештаните од селото Мала Река учествуваа во приспособување на куќата која во наследство ја оставил жител од ова место. Целта на акцијата беше да го уредат пределот и куќата да ја пренаменат во место за престој за сите кои ќе сакаат да ги посетат овие предели.

Мала Река е место скриено во шумата на Китка Планина. Ова мало место, уште на почетокот на 90-тите го маѓепсало еден од најголемите македонски планинари, чичко Борче. Како човек кој ја обожувал планината и нејзината природа, тој со со години го одржувал ова место и ги поттикнувал луѓето да го посетат. Пред да почине, ја остава неговата куќа отворена за користeње на сите посетители на местото. Локалните посетители се грижат за неа и за целото место, но добредојдена беше и помошта на сите кои го сакаат ова место и можат да придонесат во зачувување на автентичноста.

Во рамки на иницијативата, Прв скопски извиднички одред заедно со група граѓани поставија патни знаци до селото, реката и водопадот за полесно да може да се снајдат оние кои прв пат одат во овој предел. Потоа го исчистија просторот околу селската чешма и поставија клупа до неа. Куќата која е оставена во наследство сега е чиста, со поставени нови кревети и со тоа ја приспособена за престој. Додека пак, надвор од куќата поставија неколку места за дневен престој во природа и на ледината во близина на реката, наместија голови за мал фудбал. Со многу волја и малку работа Мала Река може да стане омиленото место за оттргнување од бучавата на градот и одмор за сите нас.

Оваа иницијативата беше поддржана од Национален младински совет на Македонија во рамки на кампањата Мрдни со прст. Главната цел на кампањата е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Би можело да ве интересира

В сабота пикник во Градскиот парк

Ана Ололовска

Акција „Смеј се, игра, расти“ во Берово, изработени креативни саксии

Наум Локоски

Со модна ревија во МКЦ поддржана акцијата за собирање топла зимска облека

Ана Ололовска

15 модни дизајнери учествуваат во акцијата „Сите стоплени во зима“

Наум Локоски

Обезбеден училишен прибор за 150 дечиња од социјално загрозени семејства

Наум Локоски

Хуманитарна аукција „Мрдни со прст“

Ана Ололовска