Академик Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ

Од:

Академик Абдулменаф Беџети од денеска е нов ректор на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ,) информира Службата за односи со јавност на оваа високообразовна институција. Одлуката била донесена на посебна седница и со тајно гласање од страна на Одборот на УЈИЕ, а неговиот мандат ќе трае во наредните четири години.

Беџети доаѓа на оваа место по завршувањето на мандатот на досегашниот ректор на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика кој ја водеше институцијата во два мандата.

Конкурсот за нов ректор на УЈИЕ беше отворен до 19 февруари оваа година. Како дел од барањата за оваа позиција беа наведени академско звање – редовен професор признато од страна на државата, искуство во управување – по можност да е добиено на универзитет и ентузијазам за развивање со специфичната мисијата на УЈИЕ, давајќи приоритет на кандидатите кои ги знаат јазиците кои се користат на овој Универзитет – албанскиот, македонскиот и англискиот.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија