Ахмети се сретна со Бејли и Орав: Иванов целосно да ја повлече аболицијата

Од:

Актуелната ситуација во земјава, политичката криза и начинот за нејзино надминување беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав.

На средбата во Амеркинската амбасада, информираат од ДУИ, Ахмети побарал Ѓорге Иванов без одлагање целосно да ја повлече одлуката за помилување, а Државната изборна комисија да ја заврши својата работа со прецизност, во согласност со закон и без взаемна опструкција.

– Говорејќи за реформите, лидерот на ДУИ повтори дека Договорот од Скопје е во функција, додека законските обврски кои произлегуваат од овој договор треба да бидат усвоени со широк консензус, соопшти ДУИ.

Би можело да ве интересира

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски