ВИДЕО: Ахмети се надева на решение во наредните денови

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите партиски чинители. Тој рече дека политичките лидери денеска не постигнале решение и дека очекува тоа да се случи во следните денови.

„Сите партии се заинтересирани за решение. Има разлики меѓу партиите, но сите треба да се ангажираме за успешна разрешница. Останува да се разговара во наредните денови и очекувам храброст од сите за да не ја испуштиме историската шанса“, рече Ахмети.

На средбата учествуваа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и Билал Касами од Беса.

Средбата во овој формат се одржува по барање на Мицкоски, кој синоќа побара новата средба да биде со четворицата лидери на најголемите партии, а не во проширен состав.

На состанокот лидерите разговараа за референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи оваа есен.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети не знае која приказна да ја брани за Груби, нервозата во ДУИ расте

Горан Наумовски

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски