(ВИДЕО) Ахмети: Разговарам и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по разговорот со Хан кажа дека тема било како Македонија да излезе од кризата.

Можам да кажам дека ставовите ни се идентични, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На прашањето дали е вистина дека се сретнал со Алијансата на Албанците за да договори влада со ВМРО-ДПМНЕ, што претходно како информација ја кажа Мендух Тачи, тој одговори:

-Константно разговарам со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а конечната одлука ќе ја донесе Централното претседателство, откако СДСМ ќе достави писмено дали ги прифаќа барањата од платформата.

Нормално е да разговарам со Никола Груевски зошто сме коалициони партнери десет години, рече Ахмети.

Според Ахмети, Декларацијата на Албанците била потпишана во Тирана зошто лидерот на БЕСА не сакал на иста маса да седне со него, затоа ги повикал премиерот на Албанија.

Тој кажа дека Платформата не значи дека бараат Голема Албанија, туку дека тоа се нормални барања и потреба на Албанците.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани