Ахмети прв му честиташе на Обама

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прв од македонските политичари, му ја честиташе победата   на Барак Обама.

Во честитката вели, дека претседателските избори ги следел со големо внимание затоа што овие избори се од големо значење  за целиот свет, но посебно за  Албанците, за Македонија, но и за Западен Балкан.

„Покрај пријателството помеѓу нашите два народа, нашата посветеност доаѓа како резултат и на големата инвестиција на Американската администрација во градење на мирот, сигурноста, стабилностa, демократијата и евроатлантската перспектива на Македонија, но и на регионот. Соединетите Американски Држави беа, и убедени сме дека ќе бидат и во иднина, многу искрен партнер на Македонија во градење на заедничка иднина на земјите од регионот во НАТО и ЕУ, при што го цениме вашиот ангажман во решавањето на прашањето со името со нашиот јужен сосед што не држи далеку од Брисел“ , му напишал Ахмети на Обама.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски